Заев: Тежнееме нашето општество во целост да ja прифати инклузијата на знаковниот јазик

/

Премиерот Зоран Заев денеска преку видеообраќање го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 септември.

„Денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик, користен од 72 милиони луѓе ширум светот. Одбележувањето на овој ден нè прави дел од прогресивните заедници во светот, афирмирачи на знаковниот јазик“, истакна Заев.

Како што кажа тој, Владата преку политиките за промовирање на можностите за граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици.

„Тежнееме нашето општество да ја прифати во целост оваа вредност. По нашиот пример на соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, општеството да ги применува сите можности кон нашите граѓани со оштетен слух.



Заедно со стручните лица влегуваме во поддршка на стандардизација на знаковниот јазик за што повеќе познавачи на овој јазик. Системски работиме да го имплементираме стручниот кадар кој користи знаковен јазик во предучилишното образование, во градинките. Затоа што инклузијата започнува од најраната возраст“, нагласи премиерот.

Укажувајќи дека на неговите јавни настапи, секаде каде што е возможно се вклучени знаковни толкувачи, Заев повика ваквата пракса да стане секојдневие кај сите функционери и општественици.

Извор: Темите

Претходна статија

Казнети 161 возач во Скопје, 35 за брзо возење, 16 немале дозвола

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Документите за модуларната болница во Тетово не биле потпишани од инженер

Најново од Вести