Заев – Зутер Техада: Имаме одлични билатерални односи и продолжуваме со заедничка реализација на проекти

Премиерот Зоран Заев денеска за време на прошталната средба со амбасадорката на Швајцарската Федерација, Сибил Зутер Техада посебно ја истакнал нејзината посветеност, искреното пријателството и поддршка на проекти, кои го подобруваат животот на граѓаните.

Како што соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста, двајцата соговорници на средбата ја потенцирале важноста на Програмата за соработка со Северна Македонија 2021-2024 година на Швајцарија, каде се препознаени истите приоритети како и оние на Владата и тоа создавање работни места, одржлив раст и дигитализација.

Премиерот Заев посебно ја оценил личната ангажираност на амбасадорката Зутер Техада, и ѝ предал благодарница за посебен придонес во одржувањето на одличните билатерални, пријателски односи меѓу двете земји и за континуираната реализација на многубројните заеднички проекти, со фокус на борбата против корупцијата, социјалната заштита, родовата еднаквост, подобрување на економската положба на работниците, создавање услови за зголемување на вработеноста и намалување на сивата економија,  како и реформите од областа на заштитата на животната средина,  реформи во административното работење и демократскиот развој на нашата држава.

Амбасадорката на Швајцарската Федерација изразила поддршка за остварување на стратешката определба на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија и за важноста на регионалната соработка од аспект на ЕУ перспективата  на нашиот регион.



– Соговорниците ја оценија билатералната соработка меѓу двете земји како извонредна, изразувајќи заедничка подготвеност да продолжи реализацијата на заедничките проекти со уште поголеми резултати од интерес на граѓаните и севкупен просперитетот на државата, се наведува во соопштението.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Одбележуваме 82 години од раѓањето на големиот македонски Бугарин Јован Стојановски-Рибарот

Следна статија

Николиќ – Џерард: Северна Македонија е кредибилен сојузник во Алијансата

Најново од Вести