Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Кондов: Активно ги информираме сојузниците за неисполнувањето на договорите од страна на РСМ
Активно ги информираме земјите-членки за институционалните и вонинституционалните притисоци врз Бугарите во Република Северна Македонија. Го поставуваме прашањето за неспроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Ова го изјави заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов, пренесува Фактор.
Кондов нагласи дека прашањето е покренато од Бугарија на дипломатски форуми, билатерални средби и во Европската комисија.
Има целосно разбирање за нашата позиција, уверува тој.
„Друго прашање е што ќе направат властите во Северна Македонија. Тие одат понатаму, работат и против прашањето за Коридорот 8. Зборуваат за неспроведување, за пренасочување на средствата. – истакна заменик министерот.

