| |

Започнува „Делчево Фест 2023“ со гости од Бугарија, Турција и Србија

Во Делчево денеска ќе се одржи 47-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево фест 2023“ и Пијанечко-Малешевската свадба како придружна манифестација во функција на туристичка понуда на регионот. По тој повод на летната сцена во Делчево ќе настапат на 600 фолклористи од 20 фолклорни друштва кои ни доаѓаат од Турција, Бугарија, Србија и од неколку градови од Македонија, но и солисти – изведувачи.

Од Бугарија ќе настапат: „Мажорети“, Фолклорен ансамбл Веселие од град Симитли, Фолклорен ансанбл „Изворче“ и Фолклорен ансамбл „Атанас Манчев“ од град Бургас.

Главни ликови на придружната манифестација Пијанечко-малешевска свадба се Дарко и Тамара Спасови од Делчево кои како што велат организаторите ја продолжуваат традицијата и докажуваат дека свадбарските обичаи сè уште се живи и се почитуваат.

-Пијанечко-малешевската свадба ја чува од заборав богатата палета свадбарски обичаи и ги промовира свадбарските обичаи како вредно наследство од нашите предци.  Дел од свадбарските адети ќе бидат промовирани и на летната сцена во рамките на „Делчево-фест“, велат организаторите.

Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ во соработка со соседните општини и здруженија од областа на културата. Покровител на „Делчево фест“ е градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач Министерство за култура. 

Слични Објави