Запрјанов: Самитот на НАТО во Хаг е клучен за Бугарија
На претстојниот самит на НАТО што ќе се одржи на 24 и 25 јуни, ќе се решава за едно од најважните прашања за иднината на Алијансата и земјите-членки – зголемување на инвестициите во одбраната до 5% од БДП до 2032 година. За значењето на оваа одлука за Бугарија, зборуваше министерот за одбрана Атанас Запрянов, во одговор на пратеничко прашање, пренесува БГНЕС.
Самитот ќе се одржи во сојузнички формат со учество на сите 32 земји-членки на ниво на шефови на држави и влади. Првиот ден ќе започне со работна вечера во форматот Совет НАТО-Украина, на која ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи, како и Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика – Кaja Калас. Исто така, се очекува учество на министрите за одбрана на земјите-членки.
Клучната тема за Бугарија – и за другите земји – ќе биде предложеното зголемување на инвестициите во одбраната до 5% од БДП, од кои 3.5% да бидат директен буџет за одбрана, а 1.5% за поврзани сектори – како што се инфраструктура, иновации, цивилна заштита, одбранбена индустрија и други. Овој раст ќе се спроведува постепено, започнувајќи од 2% во 2025 година, до достигнување на 3.5% во 2032 година.
Овие проценти се пресметани според новите Цели за способности за 2025 година, кои се веќе усвоени од сите членки на НАТО, вклучително и Бугарија. Тие поставуваат значително повисоки барања за градење и обезбедување на сили и ресурси потребни за колективната одбрана на Алијансата.
На крајот од самитот се очекува потпишување на заеднички документ со кој земјите-членки ќе се обврзат на зголемени инвестиции во одбраната, ќе го потврдат континуираното поддржување на Украина, и ќе ги препотврдат двете главни закани за НАТО – Русија и тероризмот.

