|

Затворен германскиот конзулат во Истанбул, поради закана од напад

Поради зголемена закана од напад во најголемиот турски град, денеска германскиот конзулат во Истанбул е затворен, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.

Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.

Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.

Извор: Слободен печат

Слични Објави