СДСМ : ЛИЦЕМЕРНО Е КОГА ВМРО ДПМНЕ ЗБОРИ ЗА ПАРТИЗАЦИЈА

Вести Истакнато Македонија

Апсурдно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски ги партизираше институциите и од Македонија создаде заробена држава, денес да зборува за партизација.

Токму денеска, во една од судниците за предмет што се води против поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се слушна за партизација на институциите во времето на режимот и обидите како скандалите со списоци за партиски вработувања, објавени на А1 телевизија, да се сокријат од јавноста, да нема одговорност.

Тоа најдобро го покажува вистинското криминално лице на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација се криеше од јавноста, Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата и бројот на лица вработени преку агенции за времени вработувања.

Започнатиот процес на реформа и ослободување на администрацијата од страна на Владата предводена од СДСМ обезбедува стручна, отворена и независна администрација и професионални институции коишто работат во служба на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува доследна на воспоставените принципи на отвореност и транспарентност и одговорно продолжува со спроведување на мерките што градат професионални и независни институции.