ЗАВРШИ ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МАЛАТА ШКОЛА НА КРАТОК ФИЛМ ВО БИТОЛА

Со две проекции за сите учениците од училиштето „Коле Канински“ од с.Буково, заврши првото издание на фестивалот на Фестивалот на Малата школа на краток филм во Битола.

За петте дена на фестивалот имаше бесплатни проекции во малата и големата сала во Центарот за култура на Битола, кој e домаќин на Малата школа за краток филм. Притоа беа прикажани краткометражни филмови наменети за млада публика од основните училишта од Битола и битолските села.

Првото издание на фестивалот во Битола, всушност е продолжување на Шеснаесеттото издание на Фестивалот на Малата школа на краток филм на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, кој покрај организирањето на фестивалот, особено има искуство во воспитувањето преку филмот.

Фестивалот започна со проекција за учениците од училиштето „Славко Лумбарковски“ во с. Гермијан, а потоа со проекции во Центарот за култура-Битола.



Слични Објави