| |

ЗДРАВСТВОТО И ВО СЕВЕРНА И ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА И ВО БИЛО КАКВА ДРУГА МАКЕДОНИЈА СИ ОСТАНУВА ИСТО

Промена на името? Референдум, да или не? Најсензитивното прашање изминатиов период… Но, дали другите сфери во државата се занемарија и се ставени во сенка?
Здравството и во Северна и во Поранешна Југословенска и во било каква друга Македонија си останува исто. Зарем треба да се занемари фактот што сме држава со најголем процент на смртност на новороденчиња во регионот?
Сите сме се соочиле барем еднаш во животот со лавиринтите и хаосот во болниците , каде што секако на крајот пациентот е изгубениот во тој лавиринт…
Лекови на позитивна листа по 15-ти во месецот? Заборави… Си остана на милост и немилост. Жално е што ги губиме најсаканите баш поради таквата состојба во нашето здравството.
Администрацијата си продолжува по стара песна со нови ноти, прибирање на партиски јуришници кои повторно ќе добиваат пораки за мобилизациja на митинзи, протести, штрајкови…
Што е со невработеноста? Што се случува со стандардот на граѓаните? Каде е минималната плата од 30 000 денари? Дали сте слушнале некој од дијаспората да се врати затоа што животот во Македонија дојде?
Мисли ли некој на младината која со брзина на светлината заминува разочарано од ова парче земја? Во какви услови живеат децата без родители? Каква помош имаат самохраните родители?
Секако, ова и не е толку важно така?
До кога ќе чека овој напатен народ за подобро утре?

Автор: Јована Спасевска, член на УК на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ



Слични Објави