Здружение на граѓани „16 март 2025, Кочани“: Нашата борба нема да престане се додека правдата не излезе на виделина
Од Здружението „16 март 2025, Кочани“, најавија дека оваа сабота нема да има протест. Родителите на трагично загинатите деца во дискотека Пулс порачаа дека иако овој викенд нема да бидат на улиците, нивната борба нема да престане се додека правдата не излезе на виделина.
„Веруваме дека овој ден заслужува тишина и почит, но и потсетување дека вистинската слобода доаѓа само кога има правда за невините, кога гласот на жртвите не е замолчен, туку чуен “, велат од Здружение на граѓани „16 март 2025, Кочани“

