| |

Здружението „Балкански мост“ од Битола организираше пријателски тениски турнир меѓу екипи од Битола и Петрич, Р. Бугарија

На 16-17 Ноември 2024 г. здружението „Балкански мост“ од Битола организира тениски турнир меѓу екипите на: Тениски клуб ,,АТП ПЕЛИСТЕР 1979″ од Битола, МТП – Скопје подружница Битола и Тенис академија ,,НУШЕВИ” од Петрич, Р. Бугарија, под мотото ,,ЗАЕДНО МОЖЕМЕ”.

На отворањето гостите ги поздравија, претседателот на Балкански Мост г-н Љупчо Јошевски, Генералниот консул г-н Николај Димитров и тренерите на клубовите, јавуваат организаторите.

Голема благодарност до сите учесници и до сите гости, до Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола и до Амбасадата во Скопје за укажаната помош и соработка, за успешноста на овој настан. Како што беше мотото,така и стана. Докажавме вистински дека ЗАЕДНО МОЖЕМЕ. На крајот од натпреварите и учесниците и гостите си тргнаа презадоволни.Таа беше идеата. Наградите за сите учесници беа поделени од Претседателот Јошевски и претставник на Генералниот козулат. Очекувајте во наредната година, кон април или мај,ќе има возвратен натпревар. Продолжуваме напред, спортот и културата се огромен мост на одново зближување. Од срце благодарност, стои во објавата организаторите од „Балкански мост“ на социјалната мрежа Facebook.

Повеќе фотографии од настанот можете да видите на профилот на „Балкански мост“ на социјалната мрежа Facebook.

Слични Објави