Новинарите од Бугарија Георги Милков и Георги Тошев ги претставија во БКИЦ-Скопје своите книги „Стории од рачниот багаж“ и „Татјана Лолова – од А до Ш“
Сториите од патувањата на познатиот бугарски новинар Георги Милков, собрани во неговиот бестселер „Стории од рачниот багаж“, како и приказната на познатиот бугарски новинар Георги Тошев за неговото запознавање и патот до неговата книга „Татјана Лолова – од А до Ш“ беа претставени во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, јавува БТА.
На претставувањето, беа присутни љубители на книгата и киното, луѓе поврзани со културата, пријатели на Бугарија.
Покрај запознавањето со авторите, насмеани или натажени од нивните раскази, присутните имаа можност да го проследат и документарниот филм на Георги Тошев „Последниот спектакл“, посветен на 90-годишнината од раѓањето на големата бугарска актерка Татјана Лолова.