| |

Зеленски и Желјазков разговарале за енергетика, одбрана и соработка во безбедноста на Црното Море

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти преку својот профил на „Фејсбук“ дека остварил телефонски разговор со премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.

„Одржав разговор со премиерот на Бугарија, Росен Желјазков. Разговаравме за зајакнување на енергетската соработка и се договоривме за чекори кои ќе придонесат за енергетската безбедност во нашиот регион. Имаме конкретни решенија и ќе ги реализираме“, напиша Зеленски во објавата.

Тој додаде дека теми на разговор биле и соработката во областа на одбраната, како и проекти на кои двете земји можат заеднички да работат. „Инструментот на ЕУ SAFE нуди многу можности за тоа. Му предложив на премиерот заеднички проекти, вклучувајќи и такви поврзани со подобрување на безбедноста во Црното Море. Бугарија е заинтересирана за соработка со Украина. Се договоривме нашите тимови да продолжат да работат на деталите“, истакна Зеленски.

„Благодарност за важните сигнали за понатамошна поддршка. Ќе останеме во контакт“, заврши украинскиот претседател во својата објава.

Слични Објави