Зеленски: Оставени сме сами во одбраната на нашата земја-кој е подготвен да и даде гаранција на Украина за влез во НАТО?

/

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека лидерите на европските земји не се подготвени да соопштуваат детали кога станува збор за пристапот на Украина во НАТО, додавајќи дека Киев не се плаши да зборува за неутрален статус на Украина.

„Оставени сме сами во одбраната на нашата земја. Кој е подготвен да и даде гаранција на Украина за влез во НАТО? Искрено, сите се плашат“, рече Зеленски во синоќешната видео порака, пренесува Интерфакс.

„Им порачувам на сите партнери на нашата земја – сега е важен момент, се решава судбината на нашата земја. Ги прашувам дали се со нас? Тие одговараат дека се со нас, но не се подготвени да не прифатат во алијансата“, рече Зеленски.





Претходна статија

Европската унија ги објави „најстрогите санкции“ против Русија

Следна статија

СДСМ: Владата е подготвена да ја заштити домашната економија од следни предизвици

Најново од Вести