„ЗЛАТНИТЕ РАЦЕ НА ФРЕ“ ВО ЧЕТВРТОК ВО ФИЛХАРМОНИЈА
„Златните раце на Фре“ е насловен концертот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток (27 февруари) во 20 часот. Како солист ќе настапи францускиот пијанист Давид Фре, а диригент е Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.2 оп.21 од Фредерик Шопен и Симфонијата бр.2 оп.61 од Роберт Шуман.
Критиката за него пишува дека е „совршен пример за музичар кој размислува“. Францускиот пијанист Давид Фре е познат и по инспиративните изведби на музиката на Бах и Булез. Постојано е активен на светската музичка сцена како солист, рецитален и камерен пијанист. Соработувал со водечки светски оркестри и диригенти како Марин Oлсоп, Семјуел Бучков, Андреј Борејко, Даниел Гати, Пааво Јарви, Рикардо Мути, Еса-Пека Салонен…
Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам…
Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетара на Филхармонијата, да се резервираат на тел: 02 / 3238 182, да се купат онлајн на нашата веб-страна www. filharmonija.mk