ГОЛЕМ УДАР: МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПОВРЕДЕНИОТ ДИМИТРИЈЕВИЌ НА ГОСТИ КАЈ РУСИЈА!

/

Македонската кошаркарска репрезентаија ќе биде драстично ослабена на гостувањето кај Русија в недела, откако вечера стана јасно дека поради повреда на мускулот на ногата ќе мора да остане во Скопје.

Оваа вест на новинарите им ја соопшти селекторот Александар Тодоров.

„Само видовте дека Димитријевиќ не можеше да ги одигра последните две минути. Тој поради пореда на ногата ќе остане во Скопје, односно нема да патува со нас за Русија. Тоа ќе биде голем удар за нас, а поради фактот што за само неколку часа е тргнувањето за Перм не знаеме дали ќе може да извадиме авионски билет за неговата замена или ќе мораме да тргнеме со 11 кошаркари“, изјави Тодоров.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ ОД КИНА ДВЕ НЕДЕЛИ ВО КАРАНТИН ВО КИЧЕВО

Следна статија

СДСМ: ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА 2,5 ГОДИНИ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА НАД 4.000 ДЕНАРИ

Најново од Вести