ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕ НАОЃАТЕ ВО КРИЗЕН ПЕРИОД НА ЛИЧЕН ПЛАН
Во бурниот секојдневен живот ние често забораваме на себеси. Ги игнорираме нашите лични потреби, оние мали нешта што нè прават да се чувствуваме добро. Значи, без да го сфатиме, паѓаме во стапицата наречена лична криза.
Лична криза е кога размислуваме за минатото, се грижиме за иднината, но забораваме на сегашноста; кога имаме еден куп лоши навики, кога сакаме да промениме нешто, но си велиме „Ќе почнам од понеделник …”, и се разбира не почнуваме ништо…
Погледнете кои се другите 5 карактеристики кои покажуваат дека е време да го смените животот:
Немате желба за нешто ново
Еден од сигурните знаци дека треба да се кренете е апатијата. Не ве возбудува забава, на најинтересните предлози и вести реагирате скептично, сте изгубиле желба да научите нешто ново, да се надополните, воопшто немате никаков ентузијазам за ништо.
Вие се занемарувате себеси и вашиот дом
Кога последен пат сте се погрижиле за вашиот изглед, како јадете и во каква средина живеете? Индеферентноста кон телото и околината околу вас се еден од првите знаци дека веднаш мора да започнете со промена.
Започнете со грижата за себеси, со мали чекори. Исчистете го вашиот дом од непотребни работи. Ова ќе ве натера да се чувствувате подобро, и на тој начин ќе ослободите место во вашиот живот за нови и убави нешта.
Ја мразите вашата работа
Работниот ден штотуку започнал, а вие веќе ги броите часовите до неговиот крај, мислите за викендот демотивирани сте …
Мразењето на вашата работа е сигурен знак дека нешто треба да се промени. Ако ја дознаете вистинската причина за незадоволството, ќе ви биде полесно да најдете излез од ситуацијата.
Избегнувате комуникација со други луѓе
Секој има потреба од личен простор, но ако апсолутно не сакате да гледате или слушате никого, избегнувате пријатели и роднини и влегувате во режим „инкогнито“, тогаш ситуацијата излегува од контрола.
Брзо се лутите
Лесно се лутите, малите ситуации ги претворате во голем проблем, плачете за најмала работа … Неможноста да се контролирате, и губењето на самодовербата е знак дека имате нерешени проблеми кои ве вознемируваат и вашата агресија се зголемува. Постојаното барање на негативни работи во вашата околина е знак на лична криза.
