ИНСТИТУТ ХРИСТО УЗУНОВ : СРУШЕНИ ИДЕОЛОГИИ
Во идеологиите нема импровизации. Нема фасади и лепенки од туѓи примеси. Секоја идеологија е поставена на свои контури и излегувањето од тие контури придонесува идеологијата да биде заменета со клиентелизам.
Тоа што сега и се случува на најголемата опозициска партија, каде голем број на индивидуалци и поранешни функционери, како и на бивши коалициони партнери и го вртат грбот и се приклонуваат кон помоќната елита, е токму резултат на срушената идеологија кај нив, која беше голтната од клиентелистите кои станаа главен таргет на таа партија, а не десното тело кое го запоставија.
Борбата за 63 пратеници денес се сведе на бродолом од кој бегаат социјалисти, Титови леви сили, бивши комунисти и транзициски лидери. Каков е тој Конзерватизам кој дава субвенции и бесплатни бањи и автобуси на пензионерите. Кон кое гласачко тело таргетираше таа партија со ваквите популистички политики, сродни на комунизмот и социјализмот? И остана ли барем чисто идеолошко јадро во таа партија, за да се крене од пепелта?
Со жалење ги гледаме сите овие настани и од нив им порачуваме на сите да влечат поуки за во иднината. Идеологијата едноставно, не трпи импровизации. Тоа е само еден балон на дување кој еден ден несомнено пука.

