Знамето ви смета
Добре Митрев
Пред само неколку месеци се случи најголемата трагедија во Македонија. Бугарите дадоа повеќе крв за нашите настрадани деца од сите вие заедно што бевте на концерт и ви сметаше знамето.За помладите да ги потсетам оти не знаат.
ЗНАМЕТО ВИ СМЕТА Во раните деведесети години кога Македонија беше блокирана од сите страни и беше само прашање на време дали ќе опстоиме, единствена отворена граница и можност за преживување беше бугарската. Многумина денес постојат благодарение што нивните родители преживеале од бугарската помош.
ЗНАМЕТО ВИ СМЕТА 2001 не е далеку. Сите памтиме од каде дојде помошта.Има живи сведоци. Многумина преживееа благодарение на таа помош.
ЗНАМЕТО ВИ СМЕТА Повеќе од 200.000 граѓани на Македонија имаат и бугарски државјанства. Повеќе од половина ако не и повеќе работат по европските земји и си ги прехрануваат семејствата. Замислете сите тие да се тука во Македонија и да се на бирото за вработување.
ЗНАМЕТО ВИ СМЕТА, а други знамиња ни се веат по државста, човек да не знае каде е.
ЗНАМЕТО ВИ СМЕТА, не бе браќа не е до знамето, до УМОТ И РАЗУМОТ Е.


