ФИЛИПЧЕ: ОД УТРЕ ОСУМ ЛЕКАРИ ОД ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВО ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ КАКО ПОДДРШКА НА КОЛЕГИТЕ ОД ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Преку социјалната мрежа Facebook министерот за здравство Венко Филипче објави дека осум лекари од приватните болници во земјата од утре ќе се вклучат како испомош за нивните колеги од јавното здравство.

loading...

„Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи.Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран. Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита. Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем“, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Facebook.



loading...