ЗОРАН ЗАЕВ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ НА ПОСЛЕДНАTA ИНТЕРНЕТ АНКЕТА НА НАШИОТ ПОРТАЛ
Претседателот на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев доби 26% од гласовите на нашата последна анкета насловена „ На кој лидер му имате најголема доверба?“.
На 70-тина дена пред одржувањето на изборите, според нашата анкета Зоран Заев има речиси 9 % повеќе од лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (17 %). Со трет резултат во македонскиот политички блок е Петар Колев од Граѓанско Демократска Унија-ГДУ со 6%.
Во албанскиот политички блок првото место убедливо го зазема лидерот партијата Алтернатива на Албанците, Африм Гаши со 16%, додека пак лидерот на владејачката партија ДУИ , Али Ахмети ја има поддршката на 3% од учесниците во анкетата.
Во продолжение погледнете ги резултатите од анкетата која што беше затворена денеска.







