| |

Зошто ги приведувате новинарите?

Facebook статус на Ивон Величковски

Затоа што не можете да ги контролирате нивните информации?

Приведувајќи дописници глумите “суверена држава”?

Држава на која половина пациенти од Кочани и се лечат во странство не е суверена држава.

Глумите дека ја имате состојбата под контрола?

Вие сте под контрола на корупцијата и олигархијата.

АНБ испрашува странски новинари?

Не се зборува на англиски со фалсификувани сертификати.

Не ја срамете веќе земјата и нацијата на Северна Македонија.

Не го срамете македонскиот народ.

Пуштете ги луѓето да информираат.

И онака никој веќе не се информира од медиумите на вашите партии и олигархијата на која и слугувате.

Никој не ги есапи коментарите на вашите партиски ботови ниту ги слуша вашите партиски соопштенија и пресови.

Репресијата и агресијата што ја манифестирате ви се последното прибежиште за да купите време и да се обидете да ја контролирате штетата што ја предизвикувате.

Сакајќи да го распаднете системот, иструливте.

За жал притоа убивте луѓе со алчност и неспроведување на закон.

И за тоа не е виновен ниту еден странски дописник или независен новинар.

Виновниците се во четириаголникот Вила Водно – Илинденска 2 – “Бела палата” – “Бихаќка”.

Слични Објави