| |

Зошто отидовме во Бугарија

Добре Митрев

Македонските Бугари пред некој ден остварија средба со претседстелот на Р. Бугарија, и со членови на неколку комисии во парламентот. Тука во Македонија почнаа да се шират шпекулации дека сме биле да дадеме поддршка на претседателот Радев, за формирање на негова партија. Еве јас како учесник на таа средба јавно ќе кажам: ЗОШТО БЕВМЕ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Бевме за да се заблагодариме за сета помош, што Бугарија ја даде за лекувањето на децата настрадани во трагедијата во Кочани. Бевме за да се заблагодариме што Бугарија помогна за спасување на македонскиот електро систем, кога тој беше пред колапс. Се заблагодаривме, што конечно се потпиша договорот за градење на коридор 8. Бевме за да побараме бугарските универзитети да ги зголемат квотите за студентите од Македонија, дадовме предлог, да се организира средба на повеќе генерации студенти кои завршиле во Бугарија, па тие да го кажат нивното искуство за нивниот престој таму додека студирале.Па да видиме дали е баш така, како што некои македонски медиуми и новинари ја представуваат Бугарија. Бевме и добивме уверување дека промената на уставот и почитувањето на договорот е единствениот услов за почнувањето на преговорите на нашата земја со Европската унија.Е тоа беше нашата цел.

Некои новинари, на кои Бугарија им е ноќен кошмар почнаа со шпекулации, те имало кавги, расправии и не знам уште што ли не. Па се дојде до тоа да се цитираат изјави, од типот” Охрид бил бугарски Ерусалим” па затоа не можеле да имаат доверба во Бугарија и во нас македонските Бугари. Јас да ги прашам, што е разликата помеѓу изјавите од типот “ Охрид е бугарски Ерусалим”. и “ Солун е наш”.

Ширењето шпекулации,лаги и омраза, од едната или другата страна, не ни носи добро ниту на едните ниту на другите.

Како што напишав погоре во текстот:

Прашајте ги поранешните и сегашните студенти кои завршиле или студираат во Бугарија, тие да ви ја прикажат Бугарија од нивен агол.



Слични Објави