| |

ЗОШТО СУМ ЗА ,А ЗОШТО СТЕ ВИЕ ПРОТИВ И ЗА БОЈКОТ

Македонското прашање се поставува цели 150 години со независноста на Грција,Србија и Бугарија.Нити било некогаш затворено нити може да се затвори.Ќе трае браќа .
Јас сум ЗА заради тоа што мислам дека е ова еден крупен чекор за затворањето на прашањето кое нè мачи. Еден крупен чекор  до неговото затворање .Па нека трае уште 300 години.
Јас сум ЗА заради тоа што ќе влезиме во онаа прва група или класа на земји кои ќе ни станат сојузници ..Во НАТО каде што се најголемите две економии ,она Европската,таа на САД и нивните сојузници кои го прават светскиот буџет за повеќе од 50%.
Голема е гордоста да си член на НАТО клубот ,првокласна ,а член на ЕУ онаа елитна.ЕУ е најголемата економија во светот.Заедно со САД се најголеми инвеститори во земјите од БРИКС.Најголеми инвеститори во Русија ,Кина,Индија,Бразил.
Член на ЕУ значи дека го имате највисокиот стандард во светот. Ако го немате ,пријателите ќе се погрижат да го имате за некакви години.Покрај што ќе имате институции ,инфраструктура и работни места кои се меѓу најплатените во светот и тоа не се се..Еу е социјална творевина.
Со правда која секогаш на крајот победува. Без исклучоци. Победува повеќе во /од било која земја во светот. Луѓето се приоритет.  Токму затоа ЕУ е најдоброто место за живеење во светот. Нема тука апстрактност.Сите што се таму се заради тоа таму и не се овде или на некое друго место, да не се лажеме.
Што се однесува до нашите во Австралија и Канада.Тоа се држави под управа или по наше претседател им е Британската кралица.На нивните пасоши пише дека се по националност и ентитет Канаѓани или Австралијанци.Далеку е тоа зад тие што се изјаснија дека се граѓани на Бугарија каде националноста и ентитетот немаат опис освен граѓанството.
Тие што Бојкотираат или тие што го измислија Бојкотот се водат од два можни решенија-
1.Ако не помине Референдумот ,Заев би се повлекол и Вмро-Дпмне би дошол на власт.
Ако не помине така би настанала анархија и анти-владин притисок до СДСМ и ДУИ да тие одма би се повлекле и сите функционери на Вмро-Дпмне би биле амнестирани
2.Една групација која Бојкотира би сакала да го искористи вакумот и со договор на СДСМ и Вмро-Дпмне после неуспешниот референдум би биле некаква техничко/експретска влада.
3.Групација мисли дека со влезот во НАТО и ЕУ тие не би можеле да користат патриотизам врз кој победуваја 27 години.Односно го употребуваа дури не почнат да пљачкаат и да ги полнат сметките во Белизе.
4.Група на Дијаспора која живее во земјите на НАТО и ЕУ и од себични причини не сака Македонија да влезе во тој клуб.Тоа се материјални или психолошки причини кои е добро скоро да се анализираат.

И ТОЛКУ.
Затоа во недела одиме да гласаме ЗА и да ги отепаме сеништата на историјата, лудаците,bарамиите и политичарите кои нè ложеа  на патриотизам .Има да им речиме ЗА ..МОРЕ КОЈ ВЕ ЕБЕ..и гласно и тивко ..да си ја продолжиме борбата за Македонија..да биде пристојно место за живеење ..да ни се вратат и останат децата.
Друго се МРШ У ТРИ ПИЧКЕ НЕ МИ Е ВАЖНО НИШТО.

Facebook статус на Даме Чкатроски, политички аналитичар



Слични Објави