Пендаровски – Карис: Потврдена добрата соработка меѓу Северна Македонија и Естонија

/

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз, во рамки на учеството на петтиот Париски мировен форум, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на која беа потврдени пријателството и соработката помеѓу Северна Македонија и Естонија и беше нагласено дека постои добро ниво на политички дијалог меѓу двете држави.

– Посочувајќи дека Естонија е наш долгогодишен партнер во ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени естонската силна и гласна поддршка за македонската европска интеграција, како и соработката на меѓународните форуми. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашната соработка во областа на дигитализацијата и го изрази нашиот интерес да го имплементираме естонското искуство во оваа област, соопшти Кабинетот на Пендаровски.



На средбата се разговараше и за геополитичката ситуација, во контекст на војната во Украина, со осврт на состојбите и безбедносните импликации врз балтичките и балканските држави, при што двајцата претседатели ја поздравија одличната соработка во рамки на НАТО.



Претходна статија

Шаќири: Со инклузијата се става крај на подредената положба на учениците со атипичен развој

Следна статија

Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис

Најново од Вести