СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЖЕНАТА ОД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК БЛИЗНАЦИ

//

Жената од хороскопскиот знак Близнаци е многу интересна и тоа може да го покаже само ако мажите имаат доволно трпение да ја запознаат, а таа ја има желбата да им ја покаже својата добра страна и не ги подмине како нешто неважно. Некои од мажите тврдат дека жената Близнаци е до тој степен незаменлива што може да замени еден цел харем. Со леснотија може да го привлече вниманието на секој маж. Таа е шармантен соговорник, способна да кокетира, добар слушател и пријател.

Мажот може да сподели кога му е тешко со жената Близнак. Овие жени имаат силна интелегенција и веднаш почнуваат да даваат совети. Но сепак не се од оние карактери кои ќе ислушаат едноставно само да си ја олесните душата.
Близнаците жени лесно создаваат пријателства, но не се многу заинтересирани за градење на секое од нив. Тие умеат да играат театар – додека се со некого, не го искажуваат директно своето незадоволство, но по разделбата можат да го коментираат тоа што не им се допаѓало. Сепак тие се потрудиле за себеси да остават добар впечаток и толку!

Во љубовта сакаат да има освојувања. Целото време нешто да се случува. Не ја сакаат монотонијата без разлика колку време се во врска или брак.

Поради нивната отвореност често се случува да западнат во проблеми со мажите. Кога ситуацијата ќе се „вжешти“ а нив не им се допаѓа тоа почнуваат да бараат начини како да се извлечат.



Не е пожелно мажите да бидат многу приврзани за жена Близнак, освен ако не се апсолутно убедени во нејзината љубов. Овие жени се љубители на слободата, понекогаш каприциозни, а исто така се многу заинтересирани за материјалната состојба на нивниот партнер. Тие можат да го напуштат секој кој не е добар според нивните критериуми. На секој маж мора да му биде јасно дека ако не постои духовна компатибилност помеѓу него и жената Близнаци, тој ќе биде напуштен иако постои сексуална привлечност. Иако го сакаат сексот, разновидноста во него, бурните љубовни сцени, жените од овој хороскопски знак  не ги поставуваат овие работи на прво место.

На позрели години почнуваат да преферираат подолготрајни врски, додека во младоста се нескротливи. Сакаат да бидат доминантни во креветот и не ја сакаат грубоста. Ако се навистина вљубени во мажот со кого имаат секс, можат да му дадат незаборавни искуства.

Претходна статија

ГРУБИ: СЕ ЧЕКА ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ИВАНОВ

Следна статија

МИГРАНТСКАТА КРИЗА ПРВА ТЕМА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ И РЕФОРМАТОРИ ВО СОФИЈА

Најново од Истакнато