Судењето за „Монструм“ почнува од почеток

//

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува повторното судење за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година.

Пред судот денес ќе се појават Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири на кои им беше определена мерки на претпазливост, но не и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ чии меѓународни потерници сè уште се активни, иако тие со години се на Косово. Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција, бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.



Судијата Огнен Ставрев кој ќе го води процесот во повторното постапување ќе треба да ги има предвид укажувањата на Врховен. Во пресудата највисокиот суд наведе дека не било почитувано правото на одбрана на обвинетите.

Претходна статија

Шијо ми га Грујо, ал сашио га Саша

Следна статија

Средба на премиерот Заев со раководството на ТАВ: Утврдени се приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра (ВИДЕО)

Најново од Вести