6 НАЧИНИ КАКО ДА ПОСТИГНЕТЕ БЛЕСКАВ ТЕН – БЕЗ ШМИНКА!
Кога станува збор за целите за нега на кожата, една од главните е блескава и сјајна кожа. Ова не е лесно да се постигне, особено кога станува збор за сува кожа или со нерамномерен тен. Благодарение на неколку трикови сега можете да добиете блескава кожа без шминка!
1: КОРИСТЕТЕ СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ
Сите сме слушнале дека не е злато сè што сјае, но ова не е се однесува и за кожата! Набавете серум за лице што содржи рефлективни честички кои ќе и дадат сјај на вашата кожа! Вашата кожа веднаш ќе бидне помека и помазна, и ќе изгледа освежено.
2: ХИДРАТИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА КОЖА
Ова не беше тешко да се заклучи, но секогаш мора да имате крем за лице со вас. Секогаш кога ќе почувствувате дека вашата кожа е премногу безживотна, нанесете тенок слој од кремата што ќе делува како чаша вода за вашата кожа!
3: ДОДАДЕТЕ ОВОШНА КИСЕЛИНА ВО ВЕЧЕРНАТА НЕГА
Брчки, сива и безживотна кожа, матиран изглед без сјај? Гликолените киселини ги решаваат сите проблеми! Вметнете тоник или крема со АХА киселина во вечерната нега и бидете трпеливи. После 6-8 недели користејќи ја 2 пати неделно, ќе ги видите резултатите!
4: УПОТЕРБУВАЈТЕ СЕРУМ СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА
Ако не обожавате осветлувачи и хајлајтери, размислете да вметнете добар хијалуронски серум во рутината за нега. Зошто го сакаме хијалуронот? Оваа навлажнувачка состојка може да привлече до 1000 пати повеќе вода од својата тежина, затоа е совршен производ на патот до блескава кожа.
5: ПРАКТИКУВАЈТЕ МАСАЖА НА ЛИЦЕТО
Масажата е мнгу полезна за здравјето на кожата. Можете да најдете бројни видео упатства на интернет за тоа како да направите нежна масажа на лицето со малку масло за лице.
6: КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ДЕРМАТОЛОГ
Ако вашата кожа сè уште не го добила посакуваниот сјај на кожата, можеби е добра идеја да посетите дерматолог. Тој ќе ви состави рутина на грижа и ќе ви препорача третмани на кожата кои ќе го оживеат и обноват сјајот, како што се: микродермоабразија, хемиски пилинзи, дермапени и други професионални третмани за лице.
