6 ПОЛЗИ ЗА ЗДРАВЈЕТО ОД ВИТАМИНОТ Е

Витаминот Е е витамин растворлив во масти, што значи дека во форма на додаток на храна подобро се апсорбира во телото кога се зема со храна богата со корисни масти, како што се месо, риба, авокадо, ореви итн.

loading...

Витаминот Е исто така се наоѓа во многу намирници. Тој е еден од најпотребните витамини за нашето здравје. Благопријатно делува на состојбата на косата и очите, може да го забави развојот на Алцхајмеровата болест, да го подобри метаболизмот. Погледнете уште неколку причини зошто да го додадете во вашето мени (консултирајте се со лекар пред да земате додатоци).

Помага во рамнотежата на холестеролот
Одржувањето на здрави нивоа на холестерол во организмот е од суштинско значење за да се обезбеди правилно функционирање на хормоните, клетките и нервите. Холестеролот се синтетизира во црниот дроб, но доколку се оксидира, може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Витаминот Е функционира како заштитен антиоксиданс и спречува оксидација. Се разбира, тоа не значи дека не треба да внимавате на исхраната, особено ако треба да ги балансирате нивоата на холестерол.

Може да го забави процесот на стареење на клетките
Како антиоксиданс, витаминот штити од штетните ефекти на слободните радикали кои ги оштетуваат клетките. Слободните радикали се високо реактивни молекули кои можат да се должат на околината, лошите навики, нездравото јадење, дебелината. Тие го намалуваат животниот век на клетката преку процес наречен оксидативен стрес, кој го забрзува процесот на стареење на телото.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Друга здравствена корист на витамин Е е тоа што помага во подобрувањето на циркулацијата на крвта, го намалува формирањето на масни наслаги во крвните садови, што го намалува ризикот од мозочни удари и срцеви удари.


loading...

Го подобрува имунитетот
Витаминот Е го зголемува нивото на еден вид на имунолошки клетки наречени Т-клетки, кои се бели крвни зрнца и играат важна улога во имунолошкиот систем. Витаминот помага во нивното одржување, со што тие правилно се размножуваат и комуницираат со други имунолошки процеси.

За убава кожа
Ова е еден од најважните витамини за кожата, кој го намалува воспалението, помага во задржување на влагата, важен е за еластичноста на кожата. Бидејќи витаминот Е е антиоксиданс, неговите својства помагаат да се намали ризикот од рак на кожата.

Балансира хормони
Витаминот Е игра суштинска улога во одржувањето на природната рамнотежа на хормоните, грижата за состојбата на ендокриниот и нервниот систем. Ова ни помага да одржуваме добро здравје и здрава тежина, да бидеме енергични.

Извор: Мисли