| |

7-ми октомври

Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца

Овие денови во Р. Бугарија и Р. С. Македонија беа денови на почит кон личноста на Цар Самуил, по повод 1010 години од неговата трагична смрт.

Сите знаеме за битката од 1014 година кај село Клуч, и насилното ослепување на заробените војници на бугарската војска на Цар Самуил, којашто била поразена од византиската војска на императорот Василиј II ‘Бугароубиец’! Овие несреќни војници се предци на добар дел од денешните жители на Р. С. Македонија, Р. Бугарија и Р. Грција. И оваа заедничка трагедија на бугарскиот народ од сите предели на некогашното Прво Бугарско Царство, продолжува да живее во паметта на денешните потомци на ослепените војници на Цар Самуил.

Името на Цар Самуил и имињата на неговите браќа Давид, Мојсеј и Арон се споменуваат во стариот завет, и овие имиња продолжуваат да бидат употребени во денешната држава Израел.

Минатата година, кога Р. Бугарија и Р. С. Македонија одбележуваа 1009 години од трагедијата на Цар Самуил и неговата војска, на државата Израел ѝ се случи еден од нај големите трагедии во поновата историја.
На 7и Октомври 2023 година, терористи од организацијата Хамас ги нападнаа јужните делови на Израел, и извршија голем број на злосторства, меѓу кои и убиства на малолетни деца и бебиња, стари лица во длабока возраст и останати жители од двата пола и сите возрасти.

Целата израелска нација беше во шок и силно потресена.
Кога војската ја врати целосната контрола во тие делови од Израел, целиот свет беше шокиран од прикажаните снимки во медиите! Снимките од масакрирани несреќни жители на Израел беа толку страшни што секој нормален и чувствителен човек не можеше да издржи повеќе од неколку секунди! Владата на премиерот Бењамин Нетанјаху и генералштабот на војската веднаш започнаа специјална операција против терористичката организација Хамас.

Операцијата на израелската армија е најмаштабната после војната од 1973 година.
Државата Израел е решителна во борбата против терористичките организации коишто се водат од антисемитска идеологија.

Денеска, кога Израел и израелскиот народ одбележуваат годишнината од масакрот извршен на 7и Октомври 2023 година, ние македонските бугари изразуваме сочувство за трагедијата што се случи на нашите блиски пријатели, сојузници и сонародници.
Денешните држави на Р. Бугарија, Р. С. Македонија и Израел потпирајќи се на многу вековната традиција на сожителство, пријателство и љубов, не сомнено ќе градат уште по интензивни меѓусебни добри односи по заедничкиот пат на иднината.

Поклон пред паметта на жртвите.

ДА ЖИВЕЕ ИЗРАЕЛ!



Слични Објави