ДИМОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ОБИДОТ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ЛУСТРАЦИЈАТА

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори на повикот за присуство на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и дека кога и да е ќе присуствува на неа, но и дека сериозно ќе се спротивстави на обидот на СДСМ за носење на законот за поништување на лустрацијата, изјави пратеникот на оваа опозициска партија Илија Димовски, јавува Сител.

– Нашето прашање е кои се жртвите? Тие кои што овозможувале лица да бидат политички ликвидирани и физички ликвидирани или тие коишто биле политички и физички ликвидирани. Македонија треба да одлучи дали ќе оди по патеката на евроинтеграции, дали ќе гради демократски систем по примерот на сите земји од Централна и Источна Европа или се уште ќе живее во времето кога со политички нарачки се воделе судски процеси.

Целиот напис прочитајте го овде.