МЕДЕНА ЗЕМЈА СО ДВЕ НОМИНАЦИИ И ОФИЦИЈАЛНО ВО ТРКАТА ЗА ОСКАР

Македонскиот филм „Медена земја“ и официјално стана кандидат за Оскар,  откако Американската филмска академија го номинираше во двете категории: За најдобар документарец и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.  Режисери на филмот се Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Ова е првпат македонски филм да биде номиниран во две категории, јавува Нова ТВ.

Единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар  е филмот  „Пред дождот“ на Милчо Манчевски ,  во 1995 година.

Меѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај „Медена земја“ се и„Пештерата“,  „Американска фабрика“, „Доба на демократија“ и „За Сама“. За најдобар странски филм номинации добија „Клетници“ од Франција „Корпус кристи“ од Полска, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Целиот напис прочитајте го овде.