|

(Фото) Meстата со најголема енергија во Бугарија

Не е тајна дека Бугарија е еднa од најенергетските земји во светот. Во неа има голем број таинствени места кои не полнат со посебна енергија. Во некои од нив има секојдневни туристички посети, додека други се скриени од јавноста. Денес ќе споделиме со вас некои од најинтересните места во Бугарија, кои задолжително треба да ги посетите.

Белинташ

Белинташ е древно тракиско светилиште, една од трите точки (Белинташ – Караџов Камен – Крстова Гора) кои формираат една од најголемите и најсилни енергетски зони во цела Европа. Таму често се забележувани таинствени објекти, а луѓето кои го посетиле местото се воодушевени од енергијата што ја почувствувале.

Крстова гора

Крстова Гора се наоѓа во величествената планина Родопи и се верува дека таму навистина се случуваат чуда. Секоја година таму преспиваат стотици посетители и се верува дека нивните молитви се слушнати, а небото се отвора и ги благословува сите што се таму. Во Крстова Гора енергијата е неверојатна и ретко кој го посетил местото и не се вратил повторно, привлечен од магичното чувство.

Татул

Близу до Момчилград се наоѓа едно од најголемите тракиски светилишта во Родопите – Татул. Според истражувањата, таму се принесувале жртви на богот на Сонцето. Може да видите пирамида насочена кон него. Енергијата на ова место е навистина силна и привлекува стотици посетители годишно.

Рилските езера

Сите знаат дека Рилските езера се неземни и навистина магични. Но, освен што се исклучително убави, тие се и едно од најенергетските места во Бугарија. Секој што ги посетил, особено на изгрејсонце, ја почувствувал неземната енергија што го полни секој човек. Не случајно Петар Данов ги избрал Рилските езера за свето место.

Рупите

Не можеме а да не го споменеме едно од најпопуларните места во Бугарија кое се одликува со својата величествена енергија – Рупите. Таму се наоѓа храмот на пророчицата Ванѓа, лоциран под неактивниот вулкан, денес познат како врв Кожух. Токму на тоа место Ванѓа ја црпела својата сила, а секој посетител вели дека енергијата таму е навистина неземна.

Кромлех

Местото Кромлех се наоѓа во селото Долни Главанак, а е познат и како бугарскиот Стоунхенџ. Кромелх исто така е еден од древните тракиски комплекси познат по својата неверојатна енергетска моќ. Секој посетител вели дека таму почувствувал нешто посебно, но важно е да сте позитивни, бидејќи во спротивно доживувањето тешко дека ќе биде пријатно.



Слични Објави