Бугарскиот клуб „Борис III“ пречека драги гости од Велико Трново Бугарија
Група од дваесетина гости од Велико Трново по повод денот на Св. Климент Охридски го посетија Охрид. Гостите од Бугарија не ја пропуштија шансата да го видат и бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во старата бугарска престолнина.
Тие беа пречекани од претседателот на клубот Томе Блажески и други членови и симпатизери на тоа бугарско здружение.
Гостите од Бугарија го разгледаа клубот и се сликаа за спомен во ова бугарско катче, кое во последно време беше објект на два жестоки напади од страна на сѐ уште непознати сторители.
Симболиката на денешниот настан секако е фактот што граѓани на две стари бугарски престолнини се запознаа и се дружеа, токму на денот на еден од најголемите бугарски просветители Св. Климент Охридски.
