| |

ЗАЕВ ЗА БЕЛГРАДСКА ПОЛИТИКА: ДОБИВМЕ ЕРГА ОМНЕС ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Во неделното интервју за белградскиот весник „Политика“ премиерот Зоран Заев изјави дека со договорите со Бугарија и Грција, Македонија добила сегашност обезбедила иднина и го исполнила заветот на своите предци за своја, почитувана и меѓународно признаена држава. Заев верува дека договорите меѓу Македонија и Грција и Македонија и Бугарија ќе бидат силна мотивација за затворање и на други билатерални прашања во регионот. Заев е дециден дека Македонија добила ерга омнес потврда за македонскиот идентитет и јазик, а единственото нешто што го изгубила е суетата. Премиерот на Република Македонија повторно истакнал дека граѓаните ќе го имаат последниот збор со гласање на референдум и изразил мислење дека истиот ќе биде успешен.

 



Слични Објави