Петков: Бугарија извезуваше гориво за Украина
Бугарија извезуваше гориво на север во Украина преку приватни компании кои не се поврзани со владата. Нема владина програма за ова, тoa се правело од приватни изведувачи за приватни изведувачи. За прв пат Бугарија не се наведува како лош пример.
Ова го изјави копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков на брифинг во Собранието на Република Бугарија, како коментар за напис во „Велт“ во кој се наведува дека Бугарија извезувала гориво и оружје за Украина, јавува БГНЕС.
„За среќа, Бугарија зазеде јасна страна против рускиот агресор, ја поддржа Украина на сите можни начини, за да може Украина да се спротивстави на оваа инвазија. Ние застанавме против политиката на сфери на влијание и на тоа големите земји да им диктираат на малите земји што да прават, затоа што малите земји треба да имаат слобода да изберат во кои сојузи ќе се приклучат, како да ја организираат својата економија, како да го организираат своето општество, без тоа да ја загрози бугарската безбедност. Драго ми е што конечно има меѓународно признание за Бугарија Не за владата на ” Продолжуваме со промената“, не за Кирил Петков или Асен Василев, туку за Бугарија, затоа што Бугарија го направи вистинскиот избор“, додаде копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Асен Василев.
