| |

(Видео) Ковачев: Неделувањето на РСМ ги донесе проблемите во дипломатските односи со Бугарија

Власта донесе правилна одлука со тоа што го повика бугарскиот амбасадор од Скопје. Ова дава јасен сигнал дека Република Северна Македонија продолжува да не презема никакви активности за ограничување на говорот на омраза кон Бугарите во земјата, коментира Андреј Ковачев, европратеник од ЕПП/ГЕРБ-СДС, за Еуроњуз Бугарија.

Според него, Бугарија во повеќе наврати ја покажала својата желба за подобрување на односите со Скопје, но незаитересираноста на тамошната политичка елита довела до проблемите во дипломатските односи.

„Ова е последица на повеќегодишните „напори“ на другата страна да не преземе никакви ефективни мерки против дискриминацијата на Бугарите во РСМ и создавањето на таква атмосфера“, смета европратеникот.

Мора да бидат сериозни – сакаат или не сакаат евроинтеграции? Европската интеграција е двонасочна улица. Ако имаат намера да останат во југокомунизмот и во српската и руската доминација што им ја наметнува „длабоката држава“… Љубчо Георгиевски зборуваше за „длабоката држава“ која запира секое зближување меѓу Бугарија и РСМ.
Кога Борисов и Заев го потпишаа договорот во 2017 година, владееше еуфорија – мислевме дека се ќе оди напред, ќе ги надминеме разликите, неединството и омразата, се присети Андреј Ковачев. И одеднаш кој ја притисна кочницата, прашува тој.

„Не обичните граѓани, туку оваа елита од Југославија не ја сака оваа промена, не сака да го смени историскиот наратив ниту за една јота – сака повторно да бидеме прикажувани како Татари, фашисти, окупатори, асимилатори“, категоричен е Ковачев.

Слични Објави