|

За идентитетот и двојните аршини

Fb статус на Никица Корубин

Од Скопје, главниот град на Северна Македонија, демонстрација на “српскиот свет”, во присуство на премиерот, министри, пратеници, лидерот на опозицијата, политички партии, аналитичари и експерти, јавни личности.

Дали некој протестираше?

Дали некој стана и замина?

Дали некој даде изјава за неприфатлив, срамен и агресорски говор?

Дали некој не аплаудираше?

Светосавска академија, Радован Ковачевиќ, советник на Милорад Додик, член на Претседателството на БИХ:

“Нашиот народ кој не живее во српската држава, денес има уште една матица освен Србија, Република Српска … Дали некој може да забрани, оспори или замисли дека ние не се грижиме за народот кој живее во земјата на кралот Милутин, во Скопје и Прилеп, кои биле престолнини на Душановото царство, дека не не’ интересира земјата на Мрњавчевиќи, дека ќе ја заборавиме Битола или Брегалница; дали било каде има повеќе Србија и српско, уважувајќи ја денешната братска и пријателска Северна Македонија, од Кајмакчалан кој нашиот народ го викал “капија на слободата” и чиј врв од силното гранатирање во славната битка е смален за 4 метри. Кајмакчалан, Косово поље, Зејтинлик и Мали Зејтинлик во Сокоц, Јасеновац и Јадовно, како и Света Гора и Цетиње, Студеница, Милешево, Грачаница, Пеќка патријаршија, како и Белград и Бања Лука, Скопје и Прилеп, се точки со кои е омеѓен и одреден нашиот национален простор и кој за нас секогаш ќе биде свет … “

Дали јавноста “се дигна” да го брани идентитетот?

Дали медиумите известија за овој шовинистички и империјалистички говор, во национална установа, под покровителство на државата и во присуство на највисоки носители на политички функции?

Дали медиумите организираа дебатни емисии за “анализа на проблемот”?

Дали социјалните мрежи “вријат” од осуда?

Ако, одговорот на повеќето или сите прашања е не, тогаш повеќе од јасен е одговорот, “чиј идентитет” наменски се бранел изминативе години од Бугарија, а особено како “загрозеноста на идентитетот” има двојни аршини, ако на “идентитетот” не му пречи “омеѓениот национален простор” на српството.

А, и одговорот на многу други прашања е јасен.

Реципроцитет, рековте?



Слични Објави