|

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ МАКЕДОНЦИ!

Дури Илинден живее, жива е Македонија ! Жива е идејата за слобода и човечки правдини ! Живее споменот за крвта пролеана и недолеана, живее споменот за црнилата мајчини, живее споменот за изгубената татковина. Жив е непокорот наш, жив е и ќе живее ! Вардар и Пирин се гушкат пак, а ќе дојде ден ќе го гушнат и Егејот. Дека течело, пак ќе тече.

Идејата за единствена Македонија, за скоро, ќе изгрее најсилно до сега. Потомците на 400-тини илјади бежанци, наши браќа чекат да ги отвориме нашите срца за нив. Така ќе почне. Независно како се викаме, под чие знаме денеска стоиме, крвта вода не бива. Заветот на нашите дедовци е посилен од границите кои денеска не делат, посилен е од глупавоста на недокваканите политичари и од црнилата на пропагандата која не обвива денеска.

Вистината е најсилното оружје. Нашите дедовци се бориле под ист бајрак, за иста идеја, ист леб делиле, исти м’ки теглиле. За нивен спомен, можеме и ние. Во Европа без граници, нема да има сила Гркот со телени мрежи, брат од брат да деле. Така ќе продолже. Се што ни треба е само да се вратиме на корените. Мора да почне од јазикот, се додека ист лаф делиме, ништо не може да не раздели. Се додека не се заборави коренот, Македонија ќе живее !

За многу лета нека ни е нашиот Велигден ! Денеска не заборавајте да им раскажете на вашите деца, дека Христос на ден Илинден со камен во раката, по втор пат воскресна од македонска земја. Дигна се како св. Ѓорги наспроти ламјата, дигна се и со крстот на грбот, се жртвува себеси по вторпат, се жртвува за слобода и човечки правдини ! Жива е Македонија !

Автор: А. Беломорски



Слични Објави