| |

Бугарски доброволци спасија петмина преживеани затрупани под урнатините во Турција

Бугарски доброволци спасија петмина преживеани затрупани под урнатините во Турција,бројот на жртвите од земјотресот сега надминува 20 000.

Пет лица се спасени под урнатините во Турција од страна на бугарските спасувачи. Ова го соопшти Националната асоцијација на волонтери во Бугарија. Од асоцијацијата известуваат дека спасувачката акција сѐ уште е во тек.

Екипи на Планинарската спасувачка служба „Противпожарна безбедност“ и лекари од Бугарија во моментов се на терен и им помагаат на настраданите од земјотресот во Турција.
Бугарските спасувачи вчера извлекоа живи две лица од урнатините во турскиот град Бесни, а бугарско куче помогна да се најде уште едно лице.
Еден од бугарските пожарникари во Бесни изјави дека наш лекар помогнал да се изврши операција под урнатините.

„Синоќа утврдивме дека најверојатно има жртви во урнатините на една зграда. Една од екипите работеше цела ноќ, а утрово друга ја замени“, изјави претходно денеска за БНТ инспекторот Калојан Дончев.

Пловдивската група која замина во Турција за да ја пружи потребната помош во потрагата по повеќе луѓе објави и ажурирани информации за тоа што се случува.

„Добро топло утро (- 2). Денес е добро за нас. Во 02.00 часот по полноќ, тимот 2 пронајде и потврди 6 живи закопани лица. Почна да се работи за нивно извлекување, но бидејќи тимот немаше опрема, беше заменет од друг со специјализирана опрема. Расположението во кампот е навистина добро утрово. Израелскиот тим вчера пронашол 7 лица. Има надеж!“, напиша Красимир Каракашев на својот Фејсбук профил, пишувајќи во друга објава дека сега има нов член на нивниот тим – куче трагач.

Во моментов жртвите од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија надминуваат 20 000.



Слични Објави