| |

Закажано е првото рочиште за нападот врз Христијан Пендиков- обвинетиот ќе се суди за напад од омраза со тешки телесни повреди

Охридскиот основен суд за 28 февруари го закажа првото рочиште против обвинетиот за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Христијан Пендиков. Предметот ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за кривично дело „напад од омраза со тешки телесни повреди“, пренесува БГНЕС.

Основното обвинителство во Охрид поднесе обвинение против две лица за нападот на Пендиков. Обвинителството соопшти дека обвинението за ова кривично дело е покренато по прегледот на надзорните камери и изјавите на сведоците. Еден од обвинетите е во притвор, а второобвинетиот е во бегство.

Потсетуваме, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков беше брутално претепан на 19 јануари 2023 година. По претепувањето тој беше префрлен со бугарски владин авион во Софија. Таму беше опериран во ВМА.

Напаѓачот доби кривична пријава за тешка телесна повреда. Обвинителството во Охрид поднесе обвинение против напаѓачот на 21-годишниот Пендиков, а во обвинението се вели дека нападот е извршен поради национална и етничка омраза. Во него се вели дека „пријавениот заедно со уште едно лице кое засега останува непознато поради национална и етничка припадност, нанеле тешка телесна повреда“.

Слични Објави