(Видео) Конгресот на Илиноис го објави месецот март за месец на Бугарија во оваа американска држава
Во пресрет на бугарскиот државен празник 3 Март во конгресот на државата Илиноис беше претставена Резолуција посветена на Бугарија.
Во неа законодавците во државата со најголема бугарска заедница во странство го објавија месец март за месец на Бугарија. Во салата беа присутни претставници на бугарската заедница во Чикаго. Резолуцијата беше поддржана од претставниците на двете најголеми партии во САД, Републиканската и Демократската партија. Резолуцијата ќе биде ратификувана и во двата Дома на конгресот на Илиноис на 7-ми март.
Во текстот на Резолуцијата се подвлекува општото историско партнерство меѓу САД и Бугарија, 20 годишнината од ратификувањето на протоколот за влез на Бугарија во НАТО од страна на Сенатот на САД и 80-тата годишнина од спасувањето на бугарските Евреи за време на Втората светска војна. Основен иницијатор за прифаќањето на Резолуцијата е бугарскиот генерален конзул во Чикаго, Светислав Станков.
Поднесувач на документот во Долниот Дом на државата Илиноис е Џеј Хофман, додека поднесувач на Резолуцијата во Сенатот е републиканецот Ден Мекконки, кој е поранешен лидер на републиканците во државата Илиноис и е женет за бугарката Милена со потекло од Варна.
Видео од настанот можете да видите на следниот линк на сајтот bgvoice.com.
