| |

Euractiv.bg: Бугарија „индиректно“ испратила оружје во Украина за над 1 милијарда долари

Бугарско оружје во вредност од милијарди долари во последните две години влегло во Украина преку други држави без ниту еден потпишан директен договор помеѓу Киев и Софија, дури и пред војната, покажа истрагата на „Еурактив Бугарија“ (Euractiv Bulgaria).

Од почетокот на руската инвазија, испраќањето оружје во Украина е јаболко на раздорот меѓу русофилските и прозападните партии во Бугарија, се наведува во електронското издание.

Иако немало директна трговија со оружје, истрагата на EURACTIV покажа дека испораките на оружје се одвивале уште пред почетокот на конфликтот.

„Во периодот од 24 февруари 2022 до 19 јануари 2023 година, не се пристигнати барања за надворешно-трговски зделки со украински фирми и државни институции за разгледување во Комисијата за контрола на извозот и соодветно на тоа, не се издадени дозволи за извоз за тој период“, велат во одговорот до EUROACTIV од Министерството за економија на Бугарија по барање согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер.

Дури и пред војната, од почетокот на 2021 година до 24 февруари 2022 година, Украина не склучувала директни зделки со бугарски компании за оружје кои се големи извозници на оружје и муниција по советски стандард за украинската армија, се наведува во публикацијата. Меѓутоа, само минатата година, Бугарија индиректно извезла оружје во Украина за најмалку 1 милијарда долари, коментираат извори на EURACTIV.

Големите фабрики за оружје во државна сопственост како тие во Сопот, Карлово и Казанлак, пријавија 100 процентно зголемување на продажбата.

Александар Михајлов, поранешен извршен директор на државната компанија „Кинтекс“, преку која минува извозот на оружје од земјата, го потврди рекордниот бугарски извоз.

„Кога има меѓународен вооружен конфликт, секогаш има зголемување на употребата на производи поврзани со одбраната“, изјави Михајлов за „Еурактив Бугарија“, додавајќи дека дозволите за извоз на оружје издадени од државата за тоа време изнесуваат вкупно 1,1 – 1,3 милијарди евра.



Слични Објави