„Биографија на Димитар Пешев“ – филм посветен на 80 години од спасувањето на бугарските Евреи
На 8 март, среда, од 21:00 часот на БНТ 1, во портрет документарниот серијал на јавната телевизија „БНТ презентира“, погледнете го филмот „Биографија на Димитар Пешев“, посветен на кариерата на бугарскиот адвокат и политичар, кој одигра клучна улога во спасувањето на речиси 50 илјади бугарски Евреи за време на Втората светска војна.
Во филмот , создаден по повод 80 години од спасувањето на бугарските Евреи учествуваат историчарите проф. Веселин Методиев, проф. Даниел Вачков – директор на Институтот за историски студии при БАН, проф. Ангел Џонев – основач на Куќа-музеј на Димитар Пешев во градот Ќустендил. Режисер на документарецот е Галина Д. Димитрова, сценарист е Иво Иванов, а снимател Георги Челебиев. Тие ѕиркаат во тетрадките на Димитар Пешев, во неговите лични сеќавања и во документите чувани низ годините, за детално да ја опишат фигурата на еден политичар, неговото издигнување на функцијата потпретседател на 25. Народно собрание, но исто така тешките искушенија низ кои поминал по завршувањето на војната.
„Историјата на политичарот Димитар Пешев не може да се спореди со онаа на луѓето како Шиндлер или со онаа на многу праведници низ Европа кои го покажаа својот алтруизам за да спасат стотици Евреи осудени на смрт. Приказната на Пешев има друга димензија, поголема е. Приказната на Пешев е подлабока.
Пешев не бил само добар човек кој делувал во општеството обидувајќи се да се спротивстави на злото, туку човек од повисоките ешалони на државата кој ја искористил сета своја моќ да го направи она што ниту еден друг политичар од земјите сојузници на Силите на Оската, не би сакал да го направи.“ – со овие зборови на италијанскиот историчар и новинар Габриеле Нисим го започнува филмот „Биографија на Димитар Пешев“ од серијалот „БНТ Презентира“, кој гледачите ќе можат да го гледаат оваа среда во 21 часот на БНТ 1.

