|

Фон дер Лајен: На ​​Киев исплатени уште милијарда и пол евра

ЕУ исплати дополнителна една и пол милијарда евра макрофинансиска помош на Украина, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Денеска и плативме дополнителни една и пол милијарда евра на Украина“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Според неа, поддршката на ЕУ ѝ помага на Украина да функционира додека се брани.

„ Тоа, исто така, ја става Украина цврсто на европскиот пат, со поддршка на реформите – на пример, доброто владеење и финансиската стабилност. Заедно ја пишуваме иднината на Украина“, додаде Фон дер Лајен.

ТАСС потсетува дека програмата на ЕУ за макрофинансиска помош за Украина за 2023 година е вредна 18 милијарди евра.

Слични Објави