Британското министерство за одбрана: Рускиот напад врз Бахмут во голема мера е запрен
Рускиот напад врз Бахмут е во голема мера запрен, се наведува во новиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана.
„Ова е веројатно првенствено резултат на екстремната исцрпеност на руските сили. Украина, исто така, претрпе големи загуби за време на одбраната“, наведуваат Британците.
Министерството соопшти дека ситуацијата во Русија најверојатно била влошена од тензиите меѓу руското Министерство за одбрана и групата Вагнер, кои обезбедуваат војници за борбите во Бахмут.

