|

Се замрзнуваат цените на тоалетната, влошките, влажните марамици, пелените, посочи Бектеши

Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување на највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека станува збор за: „тоалетната хартија, влажните марамици, пелени за деца и возрасни, хигиенски влошки“.

„Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои биле во трговија во мало на 20 март оваа година. Одлуката се носи врз основа на анализи“, додаде Бектеши.

Тој кажа дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието.

Слични Објави