Берлускони во критична состојба: поранешниот премиер на Италија е на интензивна нега
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е на интензивна нега во болница во Милано, изјави извор за „Ројтерс“.
Милијардерот, кој четири пати беше премиер во изминатите години, често бил пренесуван во болница поради влошено здравје.
Тој и минатата недела беше префрлен во болница, но по неколку часа, беше пуштен.

