Зеленски предупреди на можноста војната во Украина да продолжи со години или децении
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека верува во успехот на претстојната контраофанзива на украинските сили и дека полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија, ќе и биде вратен на Украина.
Зеленски во интервју за медиумите од нордиските земји рече дека успехот на Украина зависи од испораката на оружје од Запад, пренесува финската телевизија Yle.
Сепак, Зеленски предупреди и на можноста војната да продолжи со години или децении.

