| |

ЗАЕВ: ДРЖАВАТА ЌЕ ПОДДРЖИ 100 ДОМАШНИ КОМПАНИИ

Владата ќе поддржи околу 100 компании, што направиле инвестиции во 2017 г. За прв пат државата дава помош на домашните компании, каква што добиваат странските компании- изјави премиерот Заев за време на својата прес-конференција во Владата на Република Македонија. Вкупната помош што ќе ја добијат компаниите изнесува околу 9,2 милиони евра. Овде се работи за директна помош за домашната економија изјави Заев. Премиерот подвлече дека последните мерки на Владата ќе донесат повеќе работни места и развој на економијата. Заев информира исто така дека извозот расте. Премиерот ја нагласи важноста на економскиот план за поддршка за домашните компании. Тој додаде дека влезот во НАТО ќе ја стимулира македонската економија.



Слични Објави